Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување. Press24