54-годишен маж вчера бил пронајден починат во куќа во Велес каде што привремено престојувал, потврдија денеска од СВР Велес.
Случајот бил пријавен во 17:00 часот, по што екипа од полицијата извршила увид на местото на настанот. Press24
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,информираат попладнево од СВР Велес.
Од таму појаснија дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне во 17:00 часот и увид бил извршен од нивна екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Mk