Скопските пожарникари денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ВАРДАРИШТЕ: Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба останаа без струјаПо пожарот, без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје и превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.– Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.