Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца.
Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски – обинителството го поднесе обвинението против 34 физички и три парви лица за една од најголемите трагедии во земјава, во која загинаа 62 лица, меѓу нив шест деца, бидејќи за влез во дискотеката не се прашувало за години..
На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.
Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски.