Со изведувањето на завршните зборови на преставниците на Основното јавно обвинителство и на застапникот на одбраната денеска пред Основниот суд во Струга заврши судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско назначување директори во основните училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.Јавните обвинители Ванеса Бизати Билјали и Џемал Лога во завршните зборови посочија дека обвинетиот во својство на градоначалник несомнено во повеќе наврати постапил спротивно позитивните законски прописи и овластувања, со именување на функцијата вршител директор на лица кои не ги исполнувале условите. Alsat
Во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот предмет против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Lider