Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Press24
На јавна седница во Апелација по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“, обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи пред Судот изјави дека е невин и дека нема да се даде во бегство.
Од Апелациониот суд Скопје, преку соопштение по седницата информира дека е уважена жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор и за Нехат Нухи. Denesen