📽️ ЗАПЛЕНЕТИ 2 ТОНА КАНАБИС, ТУРЧИН УАПСЕН ВО ЗЕЛЕНИКОВО Газдата скрил голема количина „медицинска“ марихуана Акцијата ја спроведоа полициските службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за организиран и сериозен криминал, со поддршка од Единицата за брзо распоредување.
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис, соопшти полицијата.