На 30.06.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано ,,Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(24) од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Демир Хисар, информира МВР. Kurir