По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Соња Тодоровска, Секретар на ОО СДСМ Куманово денеска на прес конференција истакна дека СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски.„Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност.
Maртин Костовски се заблагодари на лидерот на партијата, Венко Филипче за укажаната доверба да биде кандидат за градоначалник на Куманово.
Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи, кажа кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако обвинителството го повлече обвинението против него.