Полицијата денеска го лишила од слобода Ф.Љ.(25) кој на 1 јули со мотоцикл удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје и го усмртил на пешачка патека во центарот на Скопје, по што го напуштил местото на настанот.-Во полициска станица во СВР Скопје денеска е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 1 јули 2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата.