НасловнаМакедонијаПожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост You cannot print contents of this website.
По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.