Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин. Libertas
Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола, изјави на прес–конференција Стојанче Ангелов, раководителот на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Skopjeinfo
Раководителот на националниот Штаб за цивилна заштита посочи дека на локации каде постои опасност од пожар има засилени контроли и набљудување на теренот.
„Голем број на патроли на полицијата вклучително и незабележливи цивилни лица се насекаде на местата каде што постои опасност да бидат предизвикани пожари и тоа има ефект бидејќи во текот на денешниот ден условите се исти како вчера, но бројот на пожари е значително помал. Skopjeinfo
Верувам дека превентивниот ангажман на полицијата, шумската полиција, но и сите други лица ќе вроди со резултат и сите се известени да бидат внимателни, но и да пријават секакво сомнително однесување во шумите, истакна Ангелов и воедно искажа јавна благодарност до граѓаните кои вчера помагаа во гаснењето на пожарите.
На прес – конференцијата во прес центарот на македонската Влада, Ангелов и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информираа дека денеска е објавен оглас за ангажирање на 400 невработени лица за заштита и превенција од пожари. Skopjeinfo
Апелирам до сите граѓани доколку забележат сомнително однесување на лица веднаш да пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица, истакна Ангелов.
Раководителот на националниот Штаб за цивилна заштита посочи дека на локации каде постои опасност од пожар има засилени контроли и набљудување на теренот. Skopjeinfo