о текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6 тона и еден Пинцгауер од 1,5 тона на ДЗС.
Се уште е активен на неколку краци пожарот во близина на граничниот премин Блаце.
Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вчерашното интервју во емисија на една од националните телвизии рече дека со сите влади со кој соработувал, оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ е далеку помобилна и далеку поангажирана за пожарите.