Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, мешана шума.
Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“ во с. Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Kurir
Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен.
Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен, изјави Тошковски. Sitel
Поради состојбата со пожарите во Владата синоќа заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Крзниот штаб изјави дека причина за ширење на пожарите во најголема мера биле неповолни временски услови и силен ветер, но посочи дека за дел има основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти. Frontline
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. Agrotim
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Крзниот штаб изјави дека причина за ширење на пожарите во најголема мера биле неповолни временски услови и силен ветер, но посочи дека за дел има основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти.
Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Agrotim
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, а 1 е под контрола.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19.00 часот регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои: Активни: 11 Локализирани: 2 Изгаснати: 9 Под контрола: 1 Активни пожари има во: Прилеп – с. Бешиште (мешана шума) Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки) Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал) Дебарца-Струга – с. Волино кон с. Ливада, Охрид (ниска вегетација и жито) Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен) Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација) Гостивар – автопат Гостивар-Тетово (ниска вегетација) Локализирани се пожарите: Делчево – градска депонија Желино – с. Ларце (ниска вегетација и грмушки) Под контрола е: Штип – с. Врсаково (жито) Изгаснати пожари има во: Чучер Сандево – црква Св. Недела (ниска вегетација) Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) Гази Баба – парк-шума „Гази Баба“ (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште) Бутел – с. Визбегово (ѓубре) Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација) Росоман – с. Сирково (ниска вегетација) Липково – с. Никуштак (ниска вегетација).
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а постојат основани сомневања дека дел од нив биле подметнати.
Многу тежок ден во справување со пожарите.
Од: А1он По барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај с. Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи, извести ЦУК, „Ер тракторот“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.
На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е опасност за жителите во Шуто Оризари и ако има потреба ќе треба да се евакуираат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) му укажала на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш ако има потреба да се пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во реонот на пожарот на депонијата во Визбегово.