До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари.
Под контрола се четири пожари, а 16 се изгаснати.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информриа дека до утрово во 7:30 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 38 пожари, од кои седум се активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати.
АКТИВНИ (9): Општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с.Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар) Општина Прилеп: с.Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума) Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево и с.Локвица (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума) Општина Василево: с.Владевци (нискостеблеста шума) Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар) Општина Крива Паланка: с. Лозаново Општина Тетово: патен правец Тетово – с.Селце (дива депонија) Општина Делчево: м.в.Брежје (нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки) ПОД КОНТРОЛА (4): Општина Македонски Брод 1: с.Рамне – с.Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков) Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (мешана шума) Општина Македонски Брод 3: с.Слатина (нискостеблеста мешана шума) Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија) ИЗГАСНАТИ (16): Општина Шуто Оризари: с.Визбегово (депонија) Општина Ѓорче Петров: с.Орман (ниска вегетација и дрво) Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација) Општина Аеродром: ул. 3 Македонска Бригада (сува трева) Општина Кисела Вода: ул. Малешевска во нас.Драчево (сува трева) Општина Струмица: с.Куклиш (стрниште и сува трева) Општина Велес: градска депонија во Велес (ѓубре) Општина Кавадарци: ул. Диме Туриманџов (ѓубре) Општина Делчево: м.в.Брежјето (грмушки и сува трева) Општина Куманово: нас.Средорек (ѓубре и сува трева) Општина Крива Паланка 1: с.Градец (шума и сува трева) Општина Крива Паланка 2: с.Конопница (борова шума) Општина Желино: с.Ларце – с. Горна Лешница (мешана шума) Општина Тетово: с.Џепчиште (сува трева) Општина Гостивар: Гостивар (сува трева) Општина Кочани: кај селата Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште (шума и сува трева).