Во раните утрински часови, во Македонија има разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера, односно до 9. јули.
Добивај вести на Viber Денес во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието, објави метеорологот Славчо Попоски.„И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час). Што се однесува до температурите, тие денес наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.