Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод – с. Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево – с. Блаце – с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 – с. Црнилиште (депонија) и Долнени 2 – с. Дебреште (депонија). Изгаснати се пожарите во Чучер Сандево – црква Св. Тројца (ниска вегетација), Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација), Ѓорче Петров – с. Орман (ниска вегетација), Карпош – ул. Скупи (ѓубре), Битола – кај црква Св. Јован (ниска вегетација), Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума), Ресен – с. Перово (овоштарник), Ресен – с. Избиште (ниска вегетација), Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубре), Струмица – с. Банско (ѓубре), Струмица – с. Куклиш – с. Муртино (депонија), Босилово – с. Иловица (гранки), Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација), Василево – с. Владевци (гранки и ниска вегетација), Гевгелија – с. Прдејци (вегетација, отпад, дрва), Радовиш – с. Ињево (ниска вегетација), Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума), Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (пожар од фабрика Самоков), Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација), Чашка – под Солунска Глава (само чад, шумски пожар), Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација), Свети Николе – с. Делисинци (куќа и вегетација), Куманово – хотел Куба, Преовце (ниска вегетација), Куманово – с. Лопате (крај пруга) Куманово – Умин Дол (стрниште и вегетација), Куманово – ул. Октомвриска револуција (вегетација и отпад), Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума), Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација), Крива Паланка – м.в. Бегови Бавчи (ниска вегетација) и Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација).
На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Општина Гевгелија – с. Прдејци (ниска вегетација) Општина Струмица – с. Старо Балдовци (ниска вегетација) Општина Ресен – с. Перово (овоштарник) Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) Под контрола (6): Општина Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков) Општина Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума) Општина Македонски Брод – с. Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума) Општина Македонски Брод – во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација) Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар) Локализирани (6): Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума) Општина Свети Николе – с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа) Општина Теарце – с. Непроштен (ниска вегетација) Општина Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума) Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце (ниска вегетација) Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел (шумски пожар) Изгаснати пожари (8): Општина Чучер Сандево – кај црквата Св. Тројца (ниска вегетација) Општина Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума) Општина Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација) Општина Куманово – кај хотелот Куба, м.в. Преовце (ниска вегетација) Општина Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубриште) Општина Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација) Општина Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација) Општина Струмица – с. Иловица (меѓа од гранки).