Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ, кај велешкото село Крушје, пожарот во општина Македонски број помеѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, понатаму пожарот во општина Гази Баба кај селото Раштак кон Љуботен, како и пожарот во општина Сарај.
Како што информираа денеска на заедничка прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Аљи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во пожарот кај дојранското село Николич интервенираат Противпожарната единица на Валандово, двата Ер трактори на ДЗС и доброволното противпожарно друштво на Дојран. Fokus