Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб.
На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.
Тажна вест ја потресе фудбалската јавност во Македонија, откако дојде веста дека младиот талент на ГФК Охрид, Анастас Каровски, трагично го загуби животот на само 16 години.