Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, денес се на терен каде одблиску ја следат и координираат интервенцијата за гасење на пожарот кој зафати нискостеблеста и деградирана шума на потегот меѓу селата Церово и Групчин, во општина Желино.
Како што информираат од ЦУК, навремената координација од страна на Центарот за управување со кризи и брзата реакција на надлежните институции, во акцијата за гасење на пожарот се вклучиле и екипите на Територијалната противпожарна единица Тетово, авион од типот „Air Tractor“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на Министерството за внатрешни работи со едно специјализирано возило – воден топ.