Борбата со големиот шумски пожар во ловиштето „Јасен“ продолжува и денеска. Локално
Во текот на ноќта, огнот се доближи до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак, но за среќа, благодарение на претходно расчистениот терен од вегетацијата, не беше дозволено негово ширење, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.