Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина… Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти… природно е тоа, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.