Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост и остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција, веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се предлага бришење на членот 96 – единствениот член што експлицитно го утврдува принципот на еднаквост и правична застапеност при вработување во полицијата. Civilmedia
Член 96 од важечкиот Закон за полиција гласи: (1) При вработувањето во Полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност; (2) При вработувањето во Полицијата да се почитува принципот на еднаквост на половите.
„Со ваквата измена не само што се укинува единствената правна одредба која се повикува на родова еднаквост и инклузивност во полициската структура, туку се отвора простор за легитимирање на дискриминација, структурна нееднаквост и понатамошно маргинализирање на жените и заедниците кои и онака се слабо застапени во безбедносните институции“, истакнуваат од Платформата за родова еднаквост. Radiomof
Во изминатите денови, сведоци сме на бран насилства, меѓу кои и фатален случај во Прилеп и вознемирувачки вербални и физички напади врз жени на јавни функции – инциденти што дополнително го актуелизираат прашањето за ефикасноста и пристапот на полицијата кон заштитата на основните права и безбедноста на граѓаните.
Наместо да се вложуваат напори во унапредување на стандардите за отчетност, професионализам и инклузивност, се предлага уназадување на клучна законска одредба. Libertas