Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат. Press24
На денешниот брифинг со новинарите тој рече дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.
Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да одлучува за оваа прашање. Nezavisen
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Собранието нема да иницираат разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, прашан дали неговата партија ќе поднесе барање за разрешување со оглед дека со таа собраниска комисија раководи владејачкото мнозинство.
Пратеничката група на Левица денеска информираше дека ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Faktor
Дополнително, при постапката за избор на претседател за Антикорупциска комисија, секој кандидат мора да поднесе уверение дека против него не се води кривична постапка.
Овој принцип мора да важи во текот на целиот мандат и претставува основ Собранието да ја разреши претседателката Татјана Димитровска, како надлежно тело кое го врши изборот и разрешувањето на составот на Државната комисија за спречување на корупција. Nezavisen
Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело а има покренато обвинение, тоа повеќе е работа на етика и углед, достоинственост на водење на таа институција.
Сепак, останува на Комисијата, рече претседателот на Законодавниот дом. Denesen
Засега не се исполнети законските услови за Собранието да покрене постапка за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Libertas
Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа.
Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Nezavisen
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна.
Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации. Faktor
Пратеничката група на Левица денеска информираше дека ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.
Оттаму информираат дека предлогот ќе го поднесат преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Faktor