„Дополнително, наместо премиерот Христијан Мицкоски и спикерот Африм Гаши да ги констатираат само лошите законски решенија, кои им овозможуваат неограничена законска заштита на избраните функционери, ги повикуваме како владејачко мнозинство да иницираат законски измени на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, со цел конечно воспоставување на професионални критериум и стандарди за работа на ова тело, каде самите членовите ќе подлежат на висока одговорност и отчетност пред граѓаните, наместо да бидат партиски послушници на властите“, апелира Левица. Plusinfo