Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
35
58.78
37.58
5.69/4.37
35.00
17.38
0.50
2358.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 35
18 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 1047.2
Best clustering variants
18 0.99/0.01 4 1047.2
Fokus

Центарот за управување со кризи информира за состојба со пожарите.

Како што велат, во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои: АКТИВНИ ПОЖАРИ (12): 1. Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); 3. Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); 4. Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); 5. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); 6. Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); 7. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); 8. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); 9. Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); 10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); 11. Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); 12. Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација). ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (5): 1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); 2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); 3. Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); 4. Карбинци – с. Јунузлија (шума); 5. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева). ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (16): 1. Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); 2. Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); 3. Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); 4. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); 5. Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); 6. Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); 7. Василево – с. Василево (ниска вегетација); 8. Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); 9. Струга 2 – с. Октиси (депонија); 10. Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); 11. Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); 12. Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); 13. Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); 14. Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); 15. Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); 16. Теарце – с. Непроштено (сува трева). Fokus

Libertas

Центарот за управување со кризи информира дека до 12 часот во земјава имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои шест активни, три под контрола и три изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Грција каде гори мешана шума, вториот пожар во прилепско е крак кон село Дрен, делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); во Општина Македонски Брод – меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); во Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума). Под контрола се два пожари во Македонски Брод и тоа во с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума), а третиот е во Карбинци – с. Јунузлија (шума). Изгаснати се пожарите во струмичко и тоа во месноста викана Три Води (ниска вегетација и мешана шума), во Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); и во Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија). Libertas

13:21 h 27-Jul-2025
  • Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор.
  • ◉ ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
13:24 h 26-Jul-2025
  • Во пресекот на денот до 12 часот во Македонија се регистрирани се 12 пожари на отворен простор, од кои 6 се сè уште активни, 3 се ставени под контрола, а 3 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Еден од најсериозните пожари е оној што се проширува во атарот меѓу Василево, Радовиш и Берово, каде се гори планински предел – Голем Готен и делови од Малешевските Планини.
  • ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД ЗАКАНА Огнот стаса и до Малешевијата и Прилеп
12:25 h
  • Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека до 12 часот вкупно 12 пожари има на отворен простор.
  • Активни се пожарите на Голем Готен и на Малешевските Планини
22:06 h 25-Jul-2025
  • Активни се 15 пожари на отворен простор заклучно со 20.30 часот, од вкупно 28 евидентирани денеска.
  • АКТИВНИ СЕ 15 ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Хеликоптерите на МВР фрлија 30 тони вода на Плачковица
21:57 h
  • Активни се 15 пожари на отворен простор заклучно со 20.30 часот, од вкупно 28 евидентирани денеска.
  • Активни 15 пожари