Македонија не е ничија приватна партиска сопственост“, велат независните иницијативи.
Затоа, тие бараат во најкус можен рок заглавените противуставни измени на Изборниот законик да се повлечат и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот суд У.бр.186/2024: Да се постави услов од 20 до 100 собрани потписи и 200 собрани потписи за Град Скопје за независни листи на кандидат/и, по пример на бројните европски држави; Да се дозволи собирање потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК, како во европските земји; Да се зголеми периодот на собирање потписи на 30 дена; Да се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче, а не како досега само името на носителот; Да се обезбеди еднаквост меѓу сите политички чинители во утврдувањето на редоследот на единствената листа на кандидат/и за избор на претседател, пратеници, членови на совет, односно градоначалник, со ждрепка; Да се промени одредбата за пристап до медиумскиот простор и финансирањето на изборната кампања. Radiomof