Најголемо учество во вкупните расходи 63,3 проценти имаат расходите за платено полотички рекламирање, по што следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги 36,3 проценти.
Исплатените средства од трансакциските сметки „за изборна кампања“ во вкупен износ од 140.261 илјада денари се однесуваат на плаќања за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на ИК, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи. Alfa
Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик, изврши финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година. Lokalno
Исто така и за начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали). Препорачува да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспоставуви интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обебзеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.
Покрај поединечни конечните ревизорски извештаи за 17-те учесници на парламентарните избори 2024 година, ДЗР објави и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со парламентарните избори 2024 година и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година, а сите документи се достапни на линковите: Политички партии - Изборна кампања за парламентарни избори 2024 | Државен Завод за Ревизија Microsoft Word - 1_ Zbiren izvestaj Parlamentarni izbori 2024 70 ?@0\0Z5 ?> !" Microsoft Word - 18@5= 8725HB0X_˘ˆ_˜@5BA540B5;A:8 !". Ревизорите утврдиле дека вкупните приходи и расходи на сите седум учесници во изборната кампања за Претседателските избори се во износ од 461.470 илјади денари, а 77 проценти од нив или 354.257 илјади денари, се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и се исплатени преку Државната изборна комисија директно на медиумите. Sitel
Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади денари и ги опфаќаат приходите остварени на трансакциските сметки „за изборната кампања“ (140.978 илјади денари), приходите од донациите во ствари (963 илјади денари) и приходите обезбедени од буџетот на државата за објавено платено политичко рекламирање (ППР) (244.769 илјади денари). Тоа укажува дека 63,3 проценти од вкупните приходи се обезбедени од Буџетот на државата и исплатени од Државната изборна комисија, додека 26,7 проценти се средства обезбедени од други извори на финансирање. Sitel
Најмногу средства се потрошени во изборната кампања за Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (72% од законски дозволениот максимум), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (49%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (29%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (25%), ПП Левица (8%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (4%), додека останатите учесници имаат потрошено средства во износ од 1% или под 1% од законски утврдениот максимум.
Не сите учесници во изборната кампања обезбедија почитување на роковите за затворање на трансакциските сметки „за изборна кампања“ и бришење од регистарот на правни лица како и транспарентност, односно до ДЗР не доставија дел од извештаите за остварените приходи и расходи на трансакциските сметки „за изборна кампања“. Alfa