На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.
На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Puls24
„Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија.
Неговата примена и во Табановце е резултат на јасната политичка заложба на ВЛЕН за конкретни реформи што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. Mk
На единствената контролна точка ќе се проверуваат документите и патниците непречено ќе го поминат преминот задржувајќи се на една контролна точка при влез.
Министерсот Панче Тошковски рече дека ветеното се остварува на дело и на почетокот на летната сезона се воведува поинаков систем на гранична контрола за побрз проток на граѓани, помалку чекање. Civilmedia
„Полициските службеници на земјата домаќин би биле овластени покрај влезната гранична контрола да ја завршат и излезната гранична контрола на соседната земја, односно се воспоставува таканаречен „One stop control“ на влезот на државата“, изјави Дачиќ.
За време на годишните одмори, летната сезона, но и за време на празници токму на овој граничен премин има метеж. Racin
Системот „One stop“ беше ставен во функција на граничниот премин Табановце – Прешево. Lokalno