Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков остварија голем успех на меѓународен натпревар во Австралија, а дома се враќаат со златен и сребрен медал, пишува порталот „ “. На 66. Интернационална олимпијада по математика која се одржува во Саншајн Коуст, Квинсленд во Австралија, златен медал за Македонија освои Тасиќ, а сребрен – Давков.
И двајцата ученици се повеќегодишни познати претставници на земјава на меѓународните математички натпреварувања.