Одлуката е донесена, историјата напишана.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски се наоѓа на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија.
На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, учествуваше на средбата на министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.