Откако бугарскиот европратеник Андреј Ковачев утрово објави дека е постигнат договор меѓу најголемите европски партии воопшто да не се споменуваат македонскиот јазик и идентитет во Извештајот за напредокот на РCM со ЕУ, реагираше и премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, дома тука, не доведоа во една ваква ситуација.
СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски, дека е директно одговорен за, како што велат, „бришењето на македонскиот јазик“ од извештајот на Европскиот парламент и за повторното отворање на прашањето за јазикот на Македонија во европските институции.
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Северна Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев по пишувањата на бугарските медиуми.