Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, поранешниот пратеник Костадин Ацевски ќе се трка за Ѓорче Петров, а синот на поранешниот функционер на СДСМ Димитар Бузлески, Александар е фаворитот на опозицијата за Ресен .Ова според висок партиски функционер се дел од имињата кои се очекува попладнево да поминат на ИО на СДСМ и да бидат објавени како дел од првата група од околу 20 кандидати со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе истрча на локалните избори.
Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.