Ерман, кој живее во Северна Каролина, има напишано повеќе од 20 книги, вклучувајќи неколку бестселери на „Њујорк тајмс“, професор е по религиски студии, а во последниот поткаст на американската историчарка Меган Луис, зборува за „патувањето“ на апостол Павле на „Третото небо“ и опишување на истото во неговите посланија до Коринтјаните… Па така, Ерман, „патувањето“ на апостолот Павле во „Третото небо“ го нарекува визија односно, лично искуство на Павле иако, тој за тоа зборува во трето лице најверојатно, како реторички начин на понизност, „Визиите за натприродни суштества или места се релативно чести во Библијата и раните христијански списи. Denesen