ЦУКЦентралниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари.Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.„Метеоролошкиот индекс на опасност од пожари се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“, наведуваат од ЦУК.Објавувајќи ја мапата со горливите точки, од ЦУК велат дека тие автоматски се детектирани преку сателитски сензори и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.
НасловнаМакедонијаПреку смс-пораки до граѓаните се тестира системот за масовно известување во кризни состојби You cannot print contents of this website.
СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека дел од граѓаните добиле СМС порака со содржината: „Ве известуваме дека има кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку својот Фејсбук профил информира дека денеска во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добиле СМС порака со содржината: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите“.