Во само една година, со работа и посветеност, успеавме да пуштиме во употреба: – Дел од експресниот пат Градско- Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра; – Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност; – Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра- клучна делница за поврзување со источниот граничен премин и со соседна Бугарија; – Целосно го реконструиравме и регионалниот пат Охрид- Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден речиси 12 милиони евра- пат кој има огромно значење за туризмот и локалниот развој. Kurir