Ќе се зголеми кредитот за доизградба на автопатот Кичево-Охрид, ова го најави премиерот Мицкоски ден по пуштањето на 20 километарската делница.
Од денеска во употреба се пуштени 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и тоа од селото Врбјани кон Охрид, со исклучок кај селото Ботун.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на пуштање на дел од патот Кичево-Охрид и динамиката на работа на другите автопати, изјави: Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред 8 месеци отприлика, состојбата беше до никаде.