Уште полошо, стануваме сведоци како министерот Панче Тошковски, под притисок на нивниот коалиционен партнер ВРЕДИ, целосно изостанува со преземање на какви било мерки, додека во исто време партиските и пропагандни структури на ДПМНЕ се целосно впуштени во оркестриран јавен линч кон градоначалничката која токму тие ја кандидираа.
Дополнително, загрижува молкот на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кои и покрај тоа што треба да реагираат на вакви напади врз локалната власт, досега не проговорија ниту збор. 24info