Функционерот на СДСМ - градоначалник Костадин Костадинов, преку комјутерски, информатички систем (социјалната мрежа Фејсбук) јавно објави експлицитни закани по животот на новинарот Драган Павловиќ Латас, на ден 29.06.2025 година (принт скрин во прилог). Од експлицитните закани од градоначалникот Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ Латас издвојуваме:- Кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо - ќе ти дојде наплатата !!- Цела фамилија те чека за суд што ние го држиме !!- Правдата се зема !!- Осветата ќе си ја добиеш!!Освен овие експлицитни закани од Костадин Костадинов, неговиот статус е преполн и со имлицитни закани за животот на новинарот Драган Павловиќ Латас.Јавното обвинителство е должно по службена должност веднаш и неодложно да преземе мерки против градоначалникот Костадин Костадинов кој во свое име и во име на целата негова фамилија изврши закани по повеќе основи од Кривичниот законик:-Согласно член 122, став 9 од Кривичнот законик, новинар е службено лице.-Согласно член 143 од КЗ, Костадинов како градоначалник врши малтретирање во вршење на службата-Согласно член 144 - Загрозување на сигурноста, Костадинов врши серизони закани дека ќе нападне по став 1, став 3, став 4, а во врска со член 123 од Кривичниот законик за кривични дела против животот и телото.-Истовремено, согласно член 382 од Кривичниот законик, Костадинов спречува службено лице во вршење на службено дејствие (член 1, 2 и 4)-Согласно член 392 - самовластие, Костадинов се заканува во свое име и во името на неговата фамилија (став 1, 2 и 3). Дополнително на ова, неговиот статус со експлицитни закани по животот и безбедноста на новинарот Драган Павловиќ Латас, поттикнува закани по животот и насилство и од други лица, што е видливо и од коментарите на неговиот пост. Vecer