Нагласи дека постигнатите резултати покажуваат дека Владата има јасна економска насока.– БДП во првиот квартал од годинава порасна за 3,2 проценти, иако многу земји во рамки на ЕУ се во рецесија, странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа ниво од една милијарда 255 милиони евра, извозот во првите пет месеци од годинава е за 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани, а индустриското производство само во мај бележи раст од 9,4 проценти што ќе каже дека во првите два месеца од вторит квартал (април и мај) трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година – потсети Мицкоски. Lider