Народот не заборава кој гради, а кој саботираше, а оние кои го саботираа немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат – се вели во реакцијата на Демократската унија за интеграција по вчерашниот настан на свеченото започнување на градежните работи на делницата Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Одговорот на ДУИ следува откако вчера, првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар, рече дека наместо фотообјективи, околу нив се слуша звукот на багери, камиони и булдожери, а само пред неколку години единствените градежни активности тука беа гламурозни прес-конференции и ленти кои никогаш не беа пресечени со асфалт, најверојатно мислејќи на фактот што минатата влада, која беше потписник на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д, во два наврати организира прес-конференции на две точки каде што треба да поминуваат делниците. 360stepeni