Министерот за здравство Арбен Таравари и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците (AA) реагираше преку Фејсбук во врска со вчерашните политички случувања.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.
Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше на последните изјави на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој според ДУИ, се обидеел да наметне свои предлози за коалиции на албанската политичка сцена.