На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денеска започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани остварил билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија. Press24