Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов. Press24
Одлуките ги носиме автономно во органите на партијата и ќе решиме како понатаму.
Токму сега кога шансите за преговори со ВЛЕН се на нула, сакаме да донесеме рационални одлуки кои ќе бидат во корист на државата во живееме и секако за партиите, рече Таравари. A1on
Министерот за здравство и лидер на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на новинарско прашање околу можноста за предвремени избори рече дека како партија не се заинтересирани тие да бидат наесен, но, ќе се подготват ако бидат распишани. A1on