„Пред само една година, кандидатите за пратеници што сега се пратеници на Алијанса за Албанците, под логото ВЛЕН, од врата на врата им велеа на граѓаните: ‘Ние сме промената‘, ‘Ние не одиме со ДУИ‚, ‘Зијадин е предавникот зашто сакаше да го и го продолжи владеењето на ДУИ‘“, Упатија прашање до поддржувачите на Таравари: „Ако го напуштивте Села поради тоа што, како што велите, неговото крило отиде со ДУИ, каде е тогаш логиката сега да стоите до Таравари, кој се враќа и кај Села и кај Ахмети?“ Сметаат дека Таравари работи на своето предвремено пензионирање, а дека ВЛЕН ќе остане штитот на Албанците, и дека сега е моментот сите да застанат на вистинската страна.