Посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ. Фактот што го посетува Западен Балкан, тоа што доаѓа во Скопје, е доказ дека ние сме подготвени за проширување, вели во интервју за МИА полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. -Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Северна Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот.
Тој потенцира дека е потребна политичка волја, потребно е комлетирање на реформите во Северна Македонија и одржување на ентузијазмот за членство во ЕУ. -Потребна е политичка волја, потребно е комплетирање на реформите во Северна Македонија, и потребно е да се осигураме, мислам на политичарите тука, дека нема да ја изгубат поддршката од македонското општество за членство во ЕУ, бидејќи веќе знаеме од анкетите на јавното мислење дека оваа поддршка оди надолу, бидејќи општеството е веќе заморно од чекање. Libertas
Посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ. Фактот што го посетува Западен Балкан, тоа што доаѓа во Скопје, е доказ дека ние сме подготвени за проширување – вели во интервју за МИА полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. -Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Северна Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна – нагласи амбасадорот. Novamakedonija
За среќа, последните истражувања на јавното мислење што беа објавени пред само неколку недели, мислам дека се уште беа на нивото малку над 60 отсто така што мора да го искористиме тој ентузијазам – вели амбасадорот Бримора во интервјуто.
Тој нагласува дека во моментов, Европската комисија, Брисел, Претседателството, секој е подготовен за процесот на проширување. Novamakedonija