Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Novamakedonija
Таа одлука е веќе донесена, дека во случајот, Арбен Таравари не може да биде дел од Владата.
Секој друг член на Алијанса на Албанците кој не се согласува со оваа соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети е добредојден да продолжи да биде дел од Владата. Denesen
Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец.
Ние одлучивме дека во следниот период ќе работиме заедно во правец на тоа да Арбен Таравари како главен носител на идејата за соработка со ДУИ да не биде дел од Владата. Plusinfo
За динамиката и модалитетите како тоа ќе се спроведе од моментот кога ќе имаме конкретно решение, сигурно дека ќе се запознаеме јавноста, затоа што тоа не е едноставна работа.
Ако се договориме дека ќе има реформирање на владата, ќе треба да видиме кои ќе треба да излезе и кој ќе треба да влезе, затоа што гледаме дека и во ваква ситуација има некои чинители во Владата кои се дел од партијата на Арбен Таравари кои не се согласуваат со него – рече Касами. Plusinfo
Значи, во моментот ние цениме дека главен проблем е директната соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети.
Таа одлука е веќе донесена, дека во случајот, Арбен Таравари не може да биде дел од Владата. Plusinfo