Задача на економијата е да се приспособи на новите економски текови и така да го структурира производството, наоѓајќи нови пазари, нови технологии и дополнително проширувајќи ги и надградувајќи постојните трговски конекции.
Во повеќеконфесиско општество како што е македонското, впрочем и какво што било со векови, задача на верските лидери е да работат на воспоставување уште посилни кохезивни врски меѓу припадниците на сите верски заедници што живеат во земјава, во интерес на општествената благосостојба, но и во насока на испраќање јасна порака до светот дека кога меѓуверската хармонија може да функционира според македонскиот пример, таа може да функционира и секаде во светот. Novamakedonija