Како што најавија од британската Амбасада, Карен Пирс ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието, Африм Гаши и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Целта на посетата е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Северна Македонија, да се зајакнат економските и трговските врски и непосредно да се соработува во однос на нашите заеднички вредности за промовирање на меѓународниот мир и безбедност во Западен Балкан. Civilmedia
Мисајловски денеска во Министерството за одбрана разговарал со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Дама Карен Пирс.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана разговарал со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Дама Карен Пирс, придружувана од амбасадорот Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин. Kanal5
Специјалната претставничка на Велика Британија за Западен Балкан, Карен Пирс, денеска е во официјална посета на земјава, нејзина прва, откако во февруари годинава ја презеде функцијата од Стјуарт Пич, соопшти британската амбасада во земјава.
▷ Целта на посетата, како што се наведува во соопштението, е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на земјава, да се зајакнат економските и трговските врски, како и непосредната соработка во промовирањето мир и безбедност во регионот на Западен Балкан. 360stepeni