Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
Состанокот, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година. Kanal5
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Анталија, Република Турција. Kanal5